Харден пред плеј-оф серијата со Денвер: Јокиќ е најдобар на светот, но...

Лос Анџелес Клиперси ќе се судрат со Денвер Нагетс во првата плеј-оф рунда во НБА лигата. Во пресрет на серијата која стартува вечерва зборуваше Џејмс Харден. Тој нагласи дека Никола Јокиќ е најдобар на светот и ќе биде тешко, но исто така има друго мислење за МВП наградата сезонава.

„Нашата одбрана мора да биде на врвно ниво. Секако, ќе треба да се справиме со Никола Јокиќ кој е движечка сила на Денвер. Тој е најдобар на светот и сите го гледаат тоа, ама мислам дека сезонава Гилџус-Александер заслужи да биде МВП. Сезонава ја води Оклахома и има најдобар ефект. 

Сепак, ако зборуваме за најдобар играч и влијание врз играта, тогаш сè е јасно“, изјави Харден.

Серијата почнува со два натпревари во Колорадо, првиот е вечерва во 21:30. По овие два меча екипите се селат во Лос Анџелес за следните две средби.

Најнови вести од
НБА, САД