• Мартин Танасковски

Офер Јанаи, сопственикот на амбициозниот израелски клуб Хапоел Тел Авив, во интервју говореше за амбициозните планови на клубот по настапот во Еврокупот каде станаа шампиони.
Газдата на Хапоел веќе има создаден тим во главата за следната сезона, а прво име на листата на желби е Василије Мициќ кого сакаат да го вратат во европската кошарка од НБА-лигата.
Интересно е што Мициќ не е единствениот кој е звучен кошаркар на списокот на Јанаи. Тука се имиња од евролигашките клубови како Никола Миротиќ, Чима Монеке, Гершон Јабуселе, Кевин Пантер, но и Мфионду Кабенгеле.
Хапоел Тел Авив славеше против Гран Канарија во финалето на Еврокупот и со мислите веќе е кон Евролигата каде патува победникот на ова натпреварување.