Дончиќ се присети на ноќта кога дозна за трејдот: Го фрлив телефонот, ми се скрши срцето... (ВИДЕО)

Лука Дончиќ направи трејд од Далас Маверикс во Лос Анџелес Лејкерс, а тоа беше огромно изненадување во НБА лигата.

И самиот словенечки плејмејкер беше шокиран од оваа одлука на генералниот менаџер Нико Харисон и Далас. Тој гостуваше кај новинарката Малика Ендрус во „ЕСПН“ и зборуваше за тие моменти.

„Бев во кревет, гледав филм и се подготвував да одам на спиење. Тажен сум, бев во шок и срцето ми беше скршено. Ова го кажувам искрено“, се присети Дончиќ за вечерта кога беше трејдуван.

Интервјуто го прекина Лара Бет Сиге, бизнис менаџерката на Словенецот. Таа покажа „сувенир“ од ноќта кога Дончиќ дозна дека ќе биде трејдуван, а тоа беше скршен телефон. Новинарката го праша дали тоа го направил во тие моменти на лутина и плејмејкерот потврди. „Спушти слушалка по разговорот и дозна дека ќе има трејд, а потоа го фрли?“, го праша Ендрус. На тоа Дончиќ одговори потврдно и одговори дека го користи бидејќи сè уште работи.

Во дел од разговорот Лука Дончиќ доби и прашање дали планот му бил да ја заврши својата кариера во Далас.

„Секако, тоа е лесно прашање“, кратко одговори словенечката ѕвезда.

Лејкерси и навивачите со раширени раце го дочекаа Дончиќ во своите редови, иако тоа значеше дека ќе замине Ентони Дејвис.