„Бомба“ во Хрватска: Цибона се засили со екс-играч на Атланта

Хрватска Цибона го гради тимот за новата сезона во која ќе настапува во АБА лигата. 

Клубот се пофали со неколку потписи, а најзвучното име е Ентони Кет Барбер. Се работи за 30-годишен кошаркар кој во минатото настапуваше една сезона за Атлатна Хоукс. Во минатото Барбер беше споредуван со Ален Ајверсон, главно поради стилот на игра и пред сè поради тоа што потекнуваат од исто место. Сепак, тој остана далеку зад легендата на НБА на играчки план. 

Освен Барбер, во тимот пристигна Питер Џок од Јужен Судан, Свен Смајлагиќ, Виго Барт, Тони Рочак и Лука Шкориќ. 

Исто така, Цибона ангажира тренер со искуство во неколку НБА франшизи, а тоа е Крис Томас. Тој главно работеше во развојните тимови, меѓутоа имаше шанса да соработува со ѕвезди како Стеф Кари и Дерик Роуз.