Американците трошат цело богатство за своите кошаркари на Олимписките игри

Олимпискиот комитет на Соединетите Американски Држави од 1992 година наваму има посебен однос кон кошаркарската репрезентација која ги претставува на Олимписките игри. 

Откако НБА им дозволи на своите играчи да бидат дел од олимписката репрезентација, тогаш падна одлука тие да не престојуваат во олимпиското село. Во Париз тие изнајмија цел хотел со околу 800 соби, во него освен кошаркарите се сместени нивните семејства, членовите на делегацијата, раководните лица и останати лица од организацијата НБА. 

Според информациите на „Форбс“, за таквиот луксуз Соединетите Американски Држави во Франција ќе потроши околу 15 милиони долари. 

Освен посебниот хотел, Американците мора да платат обезбедување за играчите, чартер летови, превоз за играчите на тренинзи и натпревари и испорака на тимската опрема.