Минатиот викенд во Битола се одржа Државното првенство во гимнастика во машка и женска спортска гимнастика. На првенството зедоа учество натпреварувачки и натпреварувачи во следните конкуренции: помлади пионери Б лига, постари пионери Б лига, јуниори Б лига, сениори Б лига, помлади пионери А лига, постари пионери А лига, јуниори А лига и сениори А лига во машка конкуренција.