„Заради она што го доживеавме како народ, не е логично да играме против Србија“

Фудбалската селекција на Србија против Албанија ќе ги отвори квалификациите за СП 2026 година. Во оваа група се уште и селекциите на Англија, Летонија и Андора, па затоа се смета дека Србија и Албанија се најголемите фаворити за второто место кое води во баражот.

Двете селекции последен пат играа во квалификациите за ЕП 2016, а тогаш Албанија заврши пред Србија и обезбеди виза за Франција. Натпреварот во Белград беше прекинат по масовна тепачка, а на зелената маса победата ѝ беше доделена на Албанија. На тој натпревар капитен на Албанија беше легендарниот фудбалер Лорик Цана (41), кој денеска е вработен во Албанскиот фудбалски сојуз.

„Верувам дека и двете репрезентации не сакаат такво нешто да се повтори. ФИФА и УЕФА имаат правила кои забрануваат натпревари меѓу земји кои се во директен конфликт или кои имаат одредени политички несогласувања.. Заради она што го доживеавме како народ, а особено како албанско малцинство во Југославија, не е логично да играме еден против друг во групата. Односите што ги имаме со Србите како народ и некои процеси ја прават ситуацијата деликатна. Посебно поради Косово и сето она низ кое поминавме таму, каде се уште нема решение“, рече Цана.

Првиот натпревар меѓу Албанија и Србија се игра во Тирана во јуни 2025.