• Симеончо Стоиков

Во текот на вчерашниот ден започна да се реновира стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, со што би се адаптирал и здобил со услови за одигрување на меѓународни натпревари. Овој проект за обнова на овој спортски објект е на Општина Кочани и ФФМ.
Со првата фаза која започна ќе се изгради нов систем за наводнување на теренот. Предвидена е и реконструкција на двете трибини, на кои освен поставување на 2.500 ПВЦ седишта ќе бидат изградени и две платформи за новинарските екипи. Исто така треба да бидат реновирани и соблекувалните според постоечките стандарди за одигрување на меѓународни натпревари, а предвидено е на катот да се оспособи просторија за одржување на прес-конференции, како и да се изврши адаптација на службената просторија, каде ќе мора да има разделување на просторот во кој се составува службениот записник.
Системот за наводнување и пропратниот градежен објект во кој ќе бидат сместени пумпите и електричната инсталација според договорот треба да ги реализира Општината, додека сите други активности се на ФФМ.