• Саше Љолес

Управата на ФК Вардар се пофали со ново квалитетно засилување, а тоа е екс-младинскиот репрезентативец Димитар Тодоровски, кој пристигнува од редовите на Брера Струмица.
Играчот од средниот ред ја започна кариерата во Работнички, а во дресот на Брера сезонава одигра 16 натпревари и постигна два гола. Тодоровски најдобро се снаоѓа на позицијата последен играч за врска и се очекува да биде големо засилување за „црвено-црните“.
Вардар мака мачеше со лошите резултати во есенскиот дел од сезоната, но со новите засилувања сигурно ќе атакува на погорните позиции. Најтрофејниот македонски клуб во моментов има само 13 бода, доволни за претпоследното емсто на табелата.
Во текот на минатите неколку денови Вардар се засили со Мите Цикарски, Михаил Маневски, Ѓорѓие Јанкулов и Михал Пинтер.