Вардар му се заблагодари за соработката на искусниот Мартин Блажевски

Управата на македонскиот прволигаш Вардар објави дека ја прекинува соработката со Мартин Блажевски, кој заминува од клубот после четири сезони минати во црвено-црниот дрес. 

Блажевски потекнува од школата на Вардар, a челните лица му се заблагодарија за неговиот досегашен придонес и за борбата во најтешките мигови за најтрофејниот македонски клуб. 

Вардарци му посакаа многу среќа во натамошната кариера, а Блажевски ќе биде во потрага по нова средина. Во кариерата настапуваше уште за Пелистер, Македонија ЃП, Борец, Скопје, Локомотива, Охрид, Металург, Тетекс и Гостивар.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.