• Горан Упале
Наполи сè уште го поседува договорот со Виктор Осимен, фудбалер кој блеска каде и да се појави. Нигериецот моментално е на позајмица во Галатасарај, а долго време се поврзува со други тимови.
Манчестер Јунајтед е еден од нив и според турските медиуми веќе е постигнат договор меѓу тимот од „Олд Трафорд“ и одличниот напаѓач.
Неколку медиуми ја објавија оваа информација, која најверојатно доаѓа од истиот извор, Осимен наводно потпишал петгодишен договор вреден неверојатни 15 милиони евра годишно! Тој има важечки договор со Наполи според кој добива 10 милиони годишно.
Неговата ослободителна клаузула е 80 милиони евра, Манчестер Јунајтед го бара за 20 милиони помалку и преку преговори ќе се обиде да ја намали цената.