Три дами делегирани во Тетово, Керими ќе им суди на Силекс и Вардар

Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди официјалните лица за натпреварите од 23. коло на Првата македонска фудбалска лига. 

Натпреварите од оваа рунда ќе се одиграат в недела и понеделник, а судиската организација ги делегира арбитрите. Нашата најдобра судијка, Ивана Пројковска, заедно со помошничките Изеири Вјолца и Елена Соклевска Илиевски ќе делат правда на дуелот меѓу Шкендија и Пелистер.

Дерби дуелот меѓу Силекс и Вардар во Кратово му припадна на Бењамин Керими.

  • Делегирање за 22. коло на ПМФЛ:

Шкендија - Пелистер (Ивана Пројковска)
Силекс - Вардар (Бењамин Керими)
Гостивар - Брера (Александар Грујоски)
Шкупи - Беса 1976 (Стојанче Стојанов)
Струга Трим Лум - Воска Спорт (Јован Качевски)
Работнички - Тиквеш (Александар Урошевиќ)

Пет натпревари се играат в недела во 14:00 часот, освен а средбата меѓу Работнички и Тиквеш е в понеделник во истото време.