• Саше Љолес
Управата на премиерлигашот Тотенхем поднесе жалба до Англиската фудбалска федерација поради ригорозната казна која беше изречена за нивниот фудбалер, Родриго Бентакур.
Уругвајскиот репрезентативец доби суспензија од седум натпревари поради наводни расистички навреди кон својот соиграч од Тотенхем, Хеунг Мин Сон, но управата на „петлите“ смета дека одлуката е неоснована и се надева на поништување на казната.
Бентакур се извини и рече дека неговите зборови биле „исклучително лоша шега“, но англиската ФА го окарактеризира изреченото како акт на расизам и затоа реши да го казни фудбалерот.
И самиот Сон рече дека Бентанкур му се извинил и дека меѓу нив нема никакви недоразбирања, па затоа управата очекува од федерацијата да ја преиначи или да ја укине суспензијата.