• Горан Упале

Стручниот штаб и тренерот на машката младинска репрезентација, Радослав Стојановиќ го објавуваат поширокиот список на ракометари од кои ќе селектира за претстојното Светско младинско првенство кое што ќе се одржи во Полска.
Во рамки на ЕХФ неделата младинската селекција ќе одигра пријателски средби против младински екипи од домашното првенство. Во поширокиот список на Стојановиќ се најдоа 35 ракометари од кои дури 34 доаѓаат од македонски клубови.
Младинците во првиот предвиден натпревар ќе се судрат против младинската екипа на РК Бутел Скопје, ден подоцна против РК Вардар 1961 или РК Пролет 62.