Слот: Уште е рано, немам намера да славам титула викендов

Ливерпул е премногу блиску до освојување на титулата во Премиер лигата. Математички гледано, тоа може да се случи и на шест кола до крајот на сезоната, иако за таков епилог шансите се прилично мали. 

Во таа насока размислува и тренерот на „црвените“, Арне Слот, кој за медиумите рече дека не планира да слави викендов, но и дека со нетрпение го очекува следниот натпревар. 

„Секој следен меч е многу важен, знаеме дека сме близу до титулата, но не брзаме со ништо. Јас не планирам да славам викендов, иако знам дека можеби не ми верувате. Има уште борба за да ја оствариме целта“, рече Слот. 

За да се случи шампионското сценарио, Ливерпул треба да го совлада Лестер Сити на гости, додека Арсенал мора да забележи пораз на гостувањето кај Ипсвич Таун. На тој начин, „црвените“ ќе имаат недостижни 16 бода предност на пет кола до крајот. 

Шесткратниот европски шампион е на само чекор од рекордната 20. титула во Премиер лигата. Арне Слот наскоро ќе влезе во мало и одбрано друштво на тренери кои во првата сезона стигнале до шампионската титула. Ливерпул ќе го израмни бројот на освоени титули на најголемиот ривал во Англија, Манчестер Јунајтед.