ВИДЕО: Шампионот со минималец против Работнички се врати во трката за Европа

Фудбалерите на Струга се радуваа на победа над Работнички (0-1) на Арената „Тодор Проески“ во 27. коло на ПМФЛ. Шампионот стигна до тринаесеттата победа во сезоната, прекинувајќи ја серијата без пораз на „романтичарите“ од четири меча.

Огромна шанса гостите имаа уште во третата минута и тоа зицер. Добра контра истрча Шабани и испрати топка зад одбраната за Басиру Компаоре, но ударот на фудбалерот од Буркина Фасо го одбрани Игор Алексовски спасувајќи го голот на својот тим. Следуваше опомена за гостите бидејќи Демири погоди пречка, иако беше покажана недозволена позиција. Бараа домашните и пенал во една ситуација кога топката го погоди Илиевски во раката, ама судиите не се сложуваа. За Работнички непрецизен обид со глава имаше од Рашид, а потоа нова зрела шанса имаа стружани. Од околу дваесет метри добро биеше Укпа, но неговиот удар ја погоди стативата.

Во второто полувреме стружани отворија поофанзивно, почнаа да притискаат и тоа се исплатеше. Веќе во 54. минута шампионот стигна до предност со голот на Хоган Укпа. Нигерискиот играч за врска се најде на вистинското место на пеналтикот и по нафрлувањето на Компаоре нетипично за себе со глава го матира Алексовски за 0-1. 

До крајот Работнички се обиде да се наметне, имаше повеќе иницијатива и притискаше, меѓутоа немаше сили за кам-бек. Со оваа победа Струга стигна до 45 бода на петтата позиција, два помалку од Гостивар, а четири од Работничи кој е третопласиран.