ФЦСБ, на чело со Џиџи Бекали, пропушти шанса да ја намали негативата во однос на Клуж кој е лидер во шампионатот. Првиот и вториот во Лига 1 ремизираа во Букурешт, а домаќинот се спаси со гол во 90-тата минута, додека Клуж ја сочува бодовната предност од „плус десет“ и голема е шансата плејофот да го дочека на врвот.