Раперот Дрејк влезе во тимот на нови сопственици од Венеција

Канадскиот рапер Дрејк се приклучи на глобалната инвестициска компанија APEX, станувајќи инвеститор во италијанска Венеција. APEX е инвестициска компанија основана во 2021 година, специјализирана за спорт, медиуми и забава. 

Италијанските медиуми пренесуваат дека Дрејк исто така одиграл голема улога во помагањето на клубот да собере околу 40 милиони евра за да го одржи во живот на почетокот на годината.

„APEX, водечка глобална инвестициска фирма позната по своето разновидно портфолио за спорт и забава, ѝ се придружи на глобалната музичка икона Дрејк како нов инвеститор во Венеција. Овој возбудлив развој доаѓа како дел од поширокото стратешко партнерство со неколку инвеститори кои ги здружија силите во клубот од италијанската Серија А“, се вели во соопштението на клубот.

Венеција со пораз дебитираше во новата сезона, откако од „Олимпико“ се враќа со пораз од 1-0.