• Горан Упале
Тренерот на Тотенхем, Анже Постекоглу, е убеден дека меѓу членовите на неговиот тим има „крт“, кој протекува информации во текот на целата сезона.
Постекоглу за сето ова зборуваше на прес-конференција во пресрет на премиерлигашкиот натпревар против Вулверхемптон. Тој смета дека некој го открива статусот на повредените играчи и потенцијалните состави на тимот во пресрет на секој натпревар.
„Нема сомнеж дека ни протекуваат информации од клубот. Некој го прави тоа, како што тоа се прави со години. Не знам зошто, тоа не ни помага. Успеавме да ја намалиме листата на осомничените, а имам и идеја кој го прави тоа", истакна Постекоглу.
Тотенхем ремизираше со Ајнтрахт (1-1) во четвртокот во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа.