• Зоран Мишевски

Уште еден македонски интернационалец во романското првенство го промени клубот. Поранешниот фудбалер на Работнички, Петар Петковски замина од редовите на Ботошани, а негов нов клуб ќе биде Конкордија.
Пред две недели за овој второлигаш потпиша и Мирко Ивановски, кој претходно ги бранеше боите на Петролул.
Петковски во дресот на Ботошани одигра 29 натпревари, а сега во зелениот дрес на Конкордија гледа шанса за постојана минутажа и партнерство со поискусниот Ивановски во ннападот.
Конкордија се бори за место во плеј-офот во второлигашкото друштво и важи за еден од фаворитите за промоција во елитната категорија.