ВИДЕО: Опенда донесе триумф за Лајпциг, Хофенхајм извлече бод во Дортмунд

РБ Лајпциг на нашиот Ељиф Елмас извојува нова бундеслигашка победа и славеше со 2-1 (1-1) над Ајнтрахт Франкфурт во натпреварот од 14. коло на Бундеслигата. Домашните резултати будат малку задоволство кај фановите на „биковите“ по лошите настапи во Лигата на шампионите. 

  • РБ Лајпциг - Ајнтрахт Франкфурт 2-1:

Словенецот Бенџамин Шешко ги доведе домаќините во водство по само 19 минути игра, а израмнувачкиот погодок беше дело на Натаниел Браун, кој стрелаше во 40. минута. Само седум минути во вториот дел беа потребни за домаќините да ја вратат предноста, а овој пат стрелец беше Лоис Опенда, кој воедно го постави и конечните 2-1, носејќи важни три бода за својот тим. РБ Лајпциг сега имаа 27 бода и го израмни салдото со денешниот ривал, кој е третопласиран поради подобрат гол-разлика. 

  • Борусија Дортмунд - Хофенхајм 1-1: 

Борусија Дортмунд и Хофенхајм одиграа реми со по еден постигнат гол (1-1). Двата гола беа постигнати во второто полувреме, а најпрво домаќините го отворија резултатот со голот на Џовани Реина во 46. минута. 

Кога домашните навивачи помислија дека „милионерите“ ќе впишат нова победа, на сцена стапи Данецот Јакуб Ларсен, кој израмни во 91. минута и го постави конечниот резултат. 

  • Хајденхајм - Штутгарт 1-3:

Гостинска победа запиша и Штутгарт, кој славеше на теренот на Хајденхајм со 1-3.