Нова комисија ќе го разгледува системот на мечеви во мак-фудбалот

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) формира тело за анализа и промена на систем на натпревари во сениорски и младински категории, што значи дека во периодот кој следи може целиот систем да се менува.

Телото за анализа и предлози за промена на систем на натпревари - млади категории е во состав: Марјан Стојковски, Сашко Тасев, Цено Александровски, Димитар Џонов и Дарко Костовски.

Телото за анализа и предлози за промена на систем на натпревари кај сениори е во состав Агим Ибраими, Игор Франговски и Сашо Здравевски;.

Исто така, Управниот одбор на ФФМ донесе и одлука за формирање на тело за спроведување реформи и структурна реорганизација на ФФМ во состав Светозар Станковски, Дончо Герасимовски, Владимир Гашевски и Берат Исмаили.

Во моментов кај сениорите во македонскиот фудбал се игра по трокружен систем.