• Саше Љолес
Навивачите на репрезентацијата Гана приредија нешто што ретко се гледа во фудбалот. Имено, тие покажаа максимално непочитување за своите репрезентативци кои ги загубија сите шанси за пласман на Африканскиот Куп на нации и навиваа против својот тим на натпреварот со селекцијата на Нигер.
Кулминацијата дојде во самиот финиш кога Гана имаше шанса од пенал да дојде до бод и да израмни на 2-2, но во тој момент навивачите започнаа да скандираат против Мохамед Кудус и славеа кога играчот на Вест Хем не ја реализираше најстрогата казна!
Ghana fans chanting “away” as Kudus steps to take a penalty vs Niger. The fans celebrate as he missed.
The highest form of disapproval I’ve experienced. pic.twitter.com/nyKQPBuDVU
— Saddick Adams (@SaddickAdams) November 18, 2024
Дел од фудбалерите на Гана по натпреварот изјавија дека нивната репрезентација не заслужува вакви фанови, а снимката го обиколи светот и наиде на остри реакции во објективната спортска заедница.
Гана остана на само три бода во групата со Нигерија, Судан и Нигер, и нема да настапи на Африканскиот Куп првпат по далечната 2004 година.