• Горан Упале
Во второто сезонско дерби кое се играше во рамките на 15. коло на ХНЛ, екипата на Хајдук повторно го совлада Динамо со 1-0 (0-0) со голот на Најк Сигур. Така избраниците на Џенаро Гатузо му побегнаа на Динамо на седум бода предност, додека имаат и три бода повеќе од второпласираната Ријека, колку што имаа и пред ова коло.
Со тоа се заокружи една многу лоша недела за Динамо која започна во средата во Лигата на шампионите. Тогаш на „Максимир“ загуби од актуелниот европски вицешампион Борусија Дортмунд со 0-3. По поразот во Сплит, фановите на социјалните мрежи го исмеваа Стефан Ристовски за неговата изјава од почетокот на неделата, пишуваат хрватските медиуми.
Имено, на прес-конференцијата пред натпреварот против Борусија, дефанзивецот на Динамо изјави дека „сините“ ќе ги добијат двата натпревари оваа недела.
Сега кога ги загубија и двата натпревари, фановите на Хајдук му се потсмеваат на социјалните мрежи за прогнозата.