Милан без големото зимско засилување најмалку еден месец

Милан ќе мора да се снаоѓа во наредните недели без Кајл Вокер, кој денеска беше успешно опериран по скршеницата на лакотот, потврдија од раководството на клубот.

Ова е лоша вест за италијанскиот клуб кој е среде битка за место во Лигата на шампионите следната сезона. Милан не е во поволна ситуација, на табелата во Серија А е на деветтото место со 48 бода - девет помалку од четвртопласираната Болоња
До крајот на сезоната има преостануваат уште девет кола, но големо прашање е колку Милан ќе може да напредува без главното засилување во зимскиот преоден рок.

Вокер одигра само десет натпревари за „росонерите“. За тоа време забележа само една асистенција, а му претстои пауза од неколку недели која може да трае до крајот на сезоната. 
Клупските челници се надеваат дека тој ќе се врати што е можно поскоро, но 34-годишниот дефинитивно нема да може да му помогне на својот тим во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија против градскиот ривал Интер.