• Горан Упале

Фудбалерите на Милан полесно од очекуваното впишаа значајни три бода на своето конто, откако на гостувањето кај Удинезе славеа убедлива победа од 0-4 (0-1), во рамките од 32. коло од италијанскиот шампионат.
- Извештај од натпреварот:
На двете екипи бодовите и тоа како им беа потребни. Милан во овој дуел влезе со реми и пораз во последните две кола и со тоа го загуби чекорот за пласман во Лигата на шампионите, додека ситуацијата беше уште полоша во таборот на Удинезе. Некогашниот тим на Илија Несторовски по ремито со Лацио врза три порази, а лошата форма ја потврди и на овој натпревар.
Милан ја имаше улогата на фаворит, а таа ја потврди во финишот од првото полувреме, кога за само три минути постигна два гола и си обезбеди комотна предност од два гола. Домашната мрежа ја затресоа Рафаел Леао во 42. минута и српскиот дефанзивец Страхиња Павловиќ со својот втор овосезонски погодок во италијанскиот шампионат.
#Udinese | #Milan | 0-2
Worrying Mike Maignan collision with his teammate Álex Jiménez55'
All thoughts and prayers are with him..#ACMilan | #SerieA | #UDIMIL | #UdineseMilan— Footbalyze (@Gokturk_Tamay) April 11, 2025
На стартот од вториот дел Серџо Консеисао мораше да менува на голманската позиција, откако Мајк Мењан се судри со Хименез и падна како покосен на тревникот. Медицинските тимови експресно реагираа и францускиот голман на носилка беше пренесен во болница. До крајот на натпреварот Тео Хернандез ја продолжи голеадата на „росонерите“, а домашната мрежа ја затресе уште Рајндерс за убедливи 0-4 за Милан.