ВИДЕО: Колку беше маестрален ударот на Елмас – голот на „дијамантот“ од друг агол!

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас забележа уште една фантастична партија во Серија А и на натпреварот против Верона постигна нов гол за Торино.

Се играше 67. минута од натпреварот, кога во казнениот простор Елмас одигра еден-два довање со Влашиќ, по кое македонскиот фудбалер шутираше по земја, а голманот на гостите  остана закопан во место, додека топката од стативата заврши во мрежата на Верона. Колку беше прецизен и маестрален ударот на Елмас покажува снимката која што ја објави Торино на социјалните мрежи.

Елмас откако пристигна во Торино досега има постигнато четири гола во Серија А, а овој против Верона му беше прв на домашен терен.