Голема трагедија ја потресе Хрватска, во сообраќајка загина Никола Покривач

Голема трагедија вечерва ја потресе спортска Хрватска. Во тешка сообраќајна незгода во Карловац животот го загубија двајца луѓе, меѓу кои и поранешниот хрватски репрезентативец Никола Покривач.

Во несреќата учествувале четири автомобили, поврдени се три лица, а од полицијата потврдиле дека еден од починатите е фудбалерот.

„Никола Покривач ќе остане засекогаш запаметен како дел од семејството на Динамо, како талентиран играч за врска, борец на теренот и човек со големи срце“, објави неговиот поранешен клуб од Загреб.

Динамо Загреб, Монако, Салцбург, Интер Запрешиќ, Шахтар, Славен Белупо беа дел од екипите во кои настапуваше Покривач. Фудбалерот за врска репрезентативниот дрес на Хрватска го носеше на 15 натпревари, а настапи и на Европското првенство во 2008 година.