Го бараат неколку премиерлигаши, но тој останува верен на Стразбур

Тренерот на францускиот Стразбур, Лиам Росениор, оствари одлични резултати со екипата и сезонава се бори за пласман во Лигата на шампионите. 

Тимот во моментов има 51 бод, три помалку од Монако и Ница, а до крајот на првенството остануваат уште четири кола. За младиот стратег веќе се интересираат неколку премиерлигаши (во играчката кариера играше за Фулам, Брајтон и Хал Сити), но Англичанецот сака да ја продолжи успешната работа во Франција и ќе остане во Стразбур најмалку до 2028 година. 

Росениор ја започна тренерската кариера во Дерби Каунти, а потоа беше предводник на Хал Сити, од каде беше отпуштен и покрај номинацијата за најдобар тренер во сезоната 2023/24.