Генч Калемлер остана без трите бода кај Скопје поради - младинец!

Екипата на Генч Калемлер во Автокоманда успеа да го совлада Скопје (0-1), меѓутоа остана без три бода поради пропуст и изоставен младинец во првиот тим.

Гостиварчани направија пропуст и ги прекршија правилата на ФФМ затоа што на мечот на „Железарница“ не одеа според членот кој вели „еден тим на терен мора да го заврши полувремето со еден играч под 19 години, како и еден играч под 21 година“.

Во тимот на Генч имаше два играчи до 21 година - едниот е Хасип Љоки, кој е роден 1998 година и има 20 години, додека другиот е Арменд Чајани, кој е роден 1997 година и има 21 година.

Генч Калемлер поради службениот пораз го загуби и лидерското место на табелата кое сега му припаѓа на Гостивар.