• Мартин Танасковски
Старото француско дерби меѓу Сент Етјен и Лион е во прекин, затоа што еден од судиите доби удар од трибините.
Имено, кон крајот на првото полувреме од трибините излета предмет кој го погоди линискиот судија во глава, а Франсоа Летексие веднаш ги испрати екипите во соблекувалната.
Според последните информации, мечот нема да продолжи додека целосно не се испразни делот од трибините од каде излета предметот.
Резултатот кога се случи овој инцидент беше 1-0 за домашната екипа, па може да се каже дека на играчите на Сент Етјен помалку им одговараше прекинот на натпреварот.