• Иван Димовски
Фудбалерите на Франција славеа во дербито на групата 2 во А-конкуренцијата на Лигата на нациите против Белгија со 2-0 (1-0). „Триколорите“ во Лион ја совладаа селекцијата предводена од Доменико Тедеско и ја „зачинија“ и онака интересната група.
По борбениот старт на средбата, првиот гол падна по 29. минути игра, а стрелец беше Рандал Коло Муани. Асот на ПСЖ добро ја проследи акцијата во која Турам биеше, но голманот Кастелс одбрани. Одбиената топка напаѓачот ја смести во мрежата (1-0). На стартот на продолжението предноста ја удвои Осман Дембеле. Крилниот фудбалер по асистенција на Канте го матира Кастелс (2-0) во 57. минута.
Во оваа група врвот го задржа Италија, која забележа втора победа. Овојпат „аѕурите“ беа подобри од Израел на гостувањето во Будимпешта со 1-2 (0-1). Резултатот го отвори Давиде Фратези пред полувремето, во 38. минута (0-1). По нешто повеќе од еден час игра меѓу стрелците се запиша и Моис Кин. До крајот на средбата поништен гол имаше Тонали, додека Абу Фани ги постави конечните 1-2.
На останатите терени Норвежаните беа подобри од Австрија (2-1), Велс славеше против Црна Гора (1-2), Словенија триумфира против Казахстан (3-0), додека Турција го совлада Исланд (3-1).