• Горан Упале
Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги одреди шеширите во пресрет на ждрепката за следното Светско клупско првенство што ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули во Соединетите Американски Држави.
Меѓу носителите се четирите првопласирани клубови од Европа, плус четири од Ј.ужна Америка: Манчестер Сити, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Пари Сен Жермен, Фламенго, Флуминенсе, Палмеирас и Ривер Плата.
32/32. The stage is set. #FIFACWC pic.twitter.com/6vnDBlmU5A
— FIFA Club World Cup (@FIFACWC) December 1, 2024
Вториот шешир го сочинуваат осум европски клубови (Челзи, Борусија Дортмунд, Порто, Интер, Атлетико Мадрид, Бенфика, Јувентус и Салцбург), додека третиот е составен од двата најдобри азиски, африкански и северноамерикански тима, плус двата најниско рангирани јужноамерикански клубови.
Ждрепката за Светското клупско првенство ќе се одржи во Мајами, на петти декември.