ФФМ ги одложи сите натпревари заради трагедијата во Кочани!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одложи денешните натпревари во сите конкуренции заради трагедијата која се случи во нашата земја во Кочани.

Во пожар во ноќен клуб во Кочани има десетици загинати и повеќе луѓе се борат за живот, па федерацијата објави дека нема простор за фудбал во овој момент.

„Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која настрадаа многу млади луѓе. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите. Изразуваме најискрено сочувство и поддршка“, објавија од ФФМ.

Дополнително ќе биде одреден датумот за одигрување на одложените мечеви.