ВИДЕО: Џенова ја продолжи одличната серија, Френдроп ја „реши“ Парма

Фудбалерите на Џенова извојуваа минимална победа над Парма со 1-0 (0-0) во првиот натпревар од 20. коло од Серија А.

  • Извештај од натпреварот:

Џенова беше подобриот противник во текот на целиот натпревар и заслужено запиша важни бодови со кои се искачи на средината на табелата во домашниот шампионат. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Ферндруп по асистенција на Мирети во 65. минута.

На тој начин Џенова ја продолжи позитивната серија во првенството и на последните четири натпревари има десет од можните дванаесет бода. Парма, пак, го забележа третиот пораз во последните пет натпревари и сега е прва над линијата со 19 бода.

Во следното коло Џенова ѝ гостува на Рома, додека Парма ја пречекува Венеција.