• Саше Љолес
Стручниот штаб на Барселона доби одлични вести. Во тимот наскоро се враќа првиот голман, Марк Андре Тер Штеген, кој заздрави од ужасната повреда на лигаментите која ја доживеа пред почетокот на сезоната.
Германскиот чувар на мрежата беше во „аут“ 215 денови, но сега повторно ќе му се приклучи на тимот за остатокот од првенството во кое Барселона е прв фаворит за шампионската титула.
Каталонскиот гигант пред себе има натпревар против Реал Мадрид во финалето на Купот, а потоа ќе се фокусира на полуфиналниот двомеч со Интер во Лигата на шампионите. На табелата во Примера, Барса има четири бода предност пред вечниот мадридски ривал.
Фото/Foto: FC Barcelona