• Саше Љолес

Екипите на Вардар и Шкендија ќе го отворат 24. коло во Првата македонска лига и ќе се соочат во големото дерби кое официјално е закажано за 14 март, со почеток во 15:00 часот. Натпреварот ќе се одигра на терените на Фудбалската федерација на Македонија, во комплексот „Петар Милошевски“.
Дуелот на вечните ривали ќе биде увертира за она што следува следниот ден, кога на програмата ќе бидат сите останати мечеви во истиот термин.
Вардарци минатото коло се изборија за реми во Кратово против Силекс, додека Шкендија со минимални 1-0 го совлада Пелистер и поторно се „одлепи“ на четири бода на врвот од табелата.
На 15 март Брера Струмица ќе го пречека тимот на Силекс, Беса 1976 ќе излезе на мегдан со шампионот Струга Трим Љум, Шкупи на домашен терен ќе се соочи со Пелистер, Тиквеш ќе го нагости тимот на Гостивар, додека Воска Спорт во Охрид ќе се сретне со екипата на Работнички.