• Мартин Танасковски

Вечното дерби меѓу Пелистер и Вардар немаше навивање до 59. минута, во чест на жртвите во трагедијата која се случи во Кочани и животот го загубија 59 лица.
Домашните навивачи, „Чкембарите“, молчеа до 59. минута од дуелот во Битола за да оддадат почит. Извадија парола, а откако помина 59-тата минута на средбата меѓу двата големи ривали, грмнаа во еден глас за „зелените“.
Претходно, гостинските навивачи на Вардар, популарните „Комити“, соопштија дека не е време за навивање и го одложија гостувањето во Битола, гест кој наиде на разбирање од тифо-сцената и од „Чкембари“.