• Саше Љолес

Она што се најавуваше минатите денови, конечно доби и официјална потврда. Горазд Михајлов го презеде тимот на Беса 1976 и ќе има мисија да обезбеди опстанок со новајлијата во Првата македонска лига. Тој доаѓа на местото на Бобан Бабунски, кој си замина од новиот прволигаш без да ја води екипата на еден натпревар.
Досегашниот тренер на Брера Струмица го напушти клубот и веднаш пронајде нов ангажман, што значи дека за него ова ќе биде трет прволигаш кој го предводи сезонава (претходно беше тренер на Вардар).
Тимот од Добри Дол ја комплетираше есенската полусезона со само 13 бода и ја зазема првата позиција во опасната зона, а следен предизвик во првенството ќе биде гостувањето кај Воска Спорт на 16 февруари.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.