ВИДЕО: Андреа Пирло и со 45 години е мајстор за слободни удари

Легендите на Тотенхем и Милан одиграа хуманитарен натпревар во кој легендите на премиерлигашот славеа со резултат 6-2, а во центарот на вниманието беше легендарниот Андреа Пирло.

Првиот гол на мечот го постигна Роби Кин, потоа Џермејн Дефо го удвои водството, а голот за 3-0 го постигна Сандро. Спарси на полувремето заминаа со големо водство од 5-0 по уште два гола на Кин, кој оствари хет-трик.

Во вториот дел Милан намали со голот на Кристијано Закардо на асистенција на легендарниот Кафу,  шестиот гол за Тотенхем го постигна Мајкл Браун, а по него се појави големиот маестро Андреа Пирло. Италијанецот во 83. минута од натпреварот постави топка на дваесетина метри од голот и погоди од брилијантен слободен удар.

Овој гол потсети на оние голови на Пирло од неговите најдобри играчки денови, а сите знаеме како тој изведуваше прекини. Пирло ја заврши својата богата играчка кариера во 2017 година, по што се сврте кон тренерската работа.