Анчелоти: Во фудбалот сè е можно особено против ривал како Барселона

Реал Мадрид по елиминацијата од Лигата на шампионите, остана да се насочи на борбата за домашните трофеи. „Кралевите“ во финалето на Купот на кралот ќе се судрат со Барселона во Севиља. Пред натпреварот своите очекувања ги сподели тренерот Карло Анчелоти.

„Ова е финале и близу сме до уште еден трофеј. Размислуваме позитивно, ама свесен сум дека во фудбалот сè е можно особено кога противникот е силен како Барселона. Ако загубиме, сезоната продолжува. Важно е да бидеме конкурентни и да дадеме максимум. 

Имаме млада екипа со енергија, квалитет и посветеност. Имам целосна доверба во моите играчи“, изјави Анчелоти.

Борбата за Куп-трофејот може да биде спас на сезоната за Реал Мадрид, бидејќи во Примера заостануваат четири бода зад водечката Барселона на пет кола пред крајот на сезоната.