Анализа на спорните моменти во 28. коло на ПМФЛ: Силекс даде гол од офсајд против Шкупи!

Судиската организација при Фудбалската федерација на Македонија се огласи по повод неколкуте спорни ситуации во 28. коло од Првата македонска лига. 

Во врска со натпреварот помеѓу Шкупи и Силекс, беше истакнато дека при израмнувачкиот погодок за гостинската екипа во 62. минута постои прекршување на Правилата, иако ситуацијата е технички исклучително комплексна за проценка, но видео анализата укажува дека голот не требало да биде признаен поради офсајд прекршок од напаѓачот кој со минимален дел од телото е понапред од топката. Одговорноста за ваквата погрешна проценка на вториот помошен судија е препознаена и од контролорот на натпреварот Горан Спирковски од Прилеп со негативна оцена од 7,9. 

Што се однесува до дуелот помеѓу Струга Трим Лум и Гостивар, беше пријавен моментот од 85. минута, при резултат 0-1 за Гостивар, и посочено е дека не постои никаква материјална повреда од страна на судиската четворка. Извештајот на контролорот Зоранчо Илиевски од Битола е со највисока оценка 8.5 за главниот судија и вториот асистент, а првиот асистент и четвртиот се оценети со 8.4 и го водеа натпреварот без ниту една грешка. 

Целосната анализа можете да ја погледнете на ОВОЈ линк.