• Саше Љолес

Рубен Аморим и неговиот Манчестер Јунајтед се изборија за реми кај Реал Сосиедад во првиот осминафинален двобој од Лига Европа (1-1). Португалскиот стратег изјави дека видел голем напредок во играта, но посочи дека проблем за „ѓаволите“ билa кондицијата во финишот на натпреварот.
„Бевме малку уморни во последните 20 минути и тоа беше очигледно на теренот. Имавме контрола до пеналот за противникот, создадовме повеќе добри шанси. Можеби требаше да се вратиме дома со победа, но и овој резултат не е лош за нас.
Ќе мораме да мислиме на реваншот, зашто и тој меч ќе биде многу тежок. Сосиедад нема добра историја против англиски екипи, но тоа не мора да значи ништо. Фокусот е на подобрување на играта во сите сегменти, ќе одиме чекор по чекор“, изјави Аморим.
Манчестер Јунајтед и Реал Сосиедад ќе се сретнат во реваншот на „Олд Трафорд“ на 13 март, со почеток во 21:00 часот.