Кога веќе ист натпревар се повторува неколку пати и епилогот е пак ист, повеќе не станува збор за случајност. Металург пак како „зелена“ и недоволно искусна екипа за Лигата на шампионите загуби од Мотор, дозволувајќи си половина полувреме да статира против тим рамен или подобар од себе. Од 40. до 52. минута играа само Украинците и заслужено го однесоа целиот плен од Скопје, отворајќи си ја вратата за наредниот круг. Поразот од 21-23 е дефинитивен удар за амбициите оваа есен на екипата на Лино Червар.