• Горан Упале

Македонските теквондисти Андреј Василевски и Христијан Симоновски забележаа големи успеси на Скопје Опен Г1.
Двајцата се закитија со златни медали во своите категории, а до истите стигнаа на доминантен начин. Василевски триумфираше во категоријата јуниори до 59 килограми, откако забележа четири победи (Кристиан Петров од Бугарија, Елбоген Итај од Израел, Филип Каревски од Македонија и Виктор Сетвик од Шведска).
Симоновски пак освои злато во јуниори до 63 килограми, победувајќи ги Емир Хониќ од БиХ, Ангелов Јордан и Митков Станислав од Бугарија.
Инаку, Андреј Василевски е член на ТКД Бутел, додека Христијан Симоновски ги брани боите на Младост.