• Иван Димовски
Македонскиот ММА борец Марко Трајановски победи во финалето на МФЦ21, квалитетен турнир кој се одржуваше во Црна Гора. По доминантните претстави на Европското првенство каде што освои злато, сега Трајановски ја потврди одличната форма.
На овој турнир младиот македонски борец имаше убедлив настап, а за медалот се бореше до домашната ММА ѕвезда Алекса Зујовиќ. Во оваа борба Македонецот победи и освои златен медал.
Трајановски има само 16 години и ја темпира формата за настап на Светското првенство.