• Зоран Мишевски
Македонските каратисти освоија најмногу медали на меѓународниот турнир „Олимпик опен 2025“ во Скопје. Зад нашите каратисти следуваат Црна Гора со 66 медали, Бугарија 41, Косово 20, Србија 14, Турција еден (златен) и Унгарија два.
Најуспешен македонски карате клуб беше Олимпик Спорт 2007 – Скопје со 31 медал од кои седум златни, пет сребрени и 19 бронзени.
На турнирот настапија 801 каратист со 1.127 натпреварувачки влезови од 76 клуба од 13 земји.