• Саше Љолес
Рускиот борач Дмитри Баборико доби двегодишна суспензија за сите натпреварувања откако беше потврдено дека користел недозволени супстанци и суплементи.
Баборико бил позитивен на „тамоксифен“ на тестот кој бил извршен во 2023 година во Албанија, соопшти Меѓународната агенција за тестирање и спортски интегритет (ИТА), а информацијата ја потврди и Светската федерација за боречки спортови.
Двегодишната суспензија била прифатена од борачот кој исто така ќе го загуби и сребрениот медал во тешка категорија (130кг), освоен во грчко-римски стил. Забраната за настап истекува во декември 2026 година.