Македонскиот боксер Бобан Илиоски остана без пласман на Летните олимписки игри во Париз. Илиоски на турнирот во Бусто Арсизио беше поразен уште во првото коло од Патрик Барон од Велика Британија по одлука на судиите. Судиите прогласија победа во корист на Британецот (30-25, 30-24, 30-25, 30-26 и 30-24).