• Горан Упале
По водство на селекторот Петре Чурлиновски и тренерот Васко Цубалевски, јуниорската боксерска репрезентација на Македонија запиша голем успех на еден од најсилните турнири во Европа, кој изминатиот викенд се одржа во Врбас, Србија.
Нашата делегација членуваше седум млади боксери, а најголем успех забележа Адријан Аземи, кој во категоријата +80 килограми се закити со сребрениот медал. Младиот член на БК Шкупи во првото коло славеше над Ахамад Ахмадов од Азербејџан, во полуфиналето беше подобар од Георги Аушев од Казахстан, но во големото финале немаше сили за изненадување и загуби од Сабиргали од Казахстан.
Покрај Аземи, боите на Македонија на овој турнир ги бранеа и Ахмет Јашаров (-48 кг), Елез Асанов (-52 кг), Илхан Озмен (-54 кг), Алпај Демиров (-60 кг), Селџук Озмен (-63 кг), Трајче Илиоски (-63 кг) и сите не успеаја да го поминат првото коло.